13 Ноември-Скопје
Скопје
Скопје е главен и најголем град во Македонија, тој претставува административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар.
Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север.
Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останале во градот сè до 9 септември 1944 година.
На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.
Бтката за Ослободување на Скопје, претставувала многу сложена операција, бидејќи за да биде успешна од голема важност биле успесите на нивните бригади во битките во другите градови со крајна цел да се поврзат 50та дивизија која била во реонот на Штип со 42та дивизија која била на Сува Гора, за да можат заедно да нападнат во Скопје. 50та дивизија незначително задоцнила (еден ден) на позицијата за нивно спојување, а тоа бил реонот на Велес.
Нивното доцнење се должело на силниот отпор кој го дале Германците во реонот на Штип, каде 5та бугарска дивизија воопшто не ни учествувала како било договорено и планирано, туку пасивно ги запоседнале позициите кај Злетовска Река, без да учествуваат во битките за ослободување на Штип и реонот околу градот. Со вакви предуслови, ослободувањето на Скопје останало да се изврши со пешадија и улични борби (без употреба на артилерија) кои зависеле исклучиво од храброста и моралот на македонските војници. Во борбите за Скопје заробени биле голем број Германци како и нивното вооружување (топови од разни калибри, митралези и најразновидна техника).И така Скопје било ослободено.