МОЈОТ ЖИВОТ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

 

 

 

 

Повеќе од една година живееме во време на пандемија: носење маски, дезинфекцирање, држење на дистанца, полициски часови, повремени карантини дури и по неколку денови…

 

Чинам како вчера да беше 10.03.2020 година ( Вторник ), кога во училиште ни соопштија дека од следниот ден 11.03.2020 година ( Среда ) во наредните четиринаесет дена остануваме дома. Со неверување ја примив веста, но и со незнаење што всушност значи тоа! Првично се израдував и си помислив „Одлично ќе ни дојде краток одмор“! – Но всушност, ништо не беше онака како што изгледаше во тие моменти.

 

Се застана во тој момент, до денес. Во тој момент, ни за миг не помислив дека затварањето на училиштата ќе трае до денес, и дека наставата ќе се одвива онлајн или учење преку далечина. И дека училиштето ќе ми недостасува повеќе од било кога и да е. Дека повеќе ќе ги нема пробите по играорна двапати неделно, подготовките за на концерти и настапи, кои со нетрпение ги очекуваа моите родители исто колку и јас. Ќе ги нема подготовките за двете турнеи кои ми следеа во Италија и Турција. Како и подготовката за петдневната екскурзија „Настава во природа“.

 

Престанаа да се одвиваат и детските фестивали: „Златно славејче“, „ Поточиња“ и други. Престанаа да работат кината и театрите. Престанаа да работат стадионите во кои ги гледавме победите на нашата репрезентација Македонија. Со еден збор како да престанаа да работат стрелките на часовникот и времето застана!.

 

Настана тешка промена, од нашиот поранешен живот, во оној што го живееме денес. Секојдневно слушаме како бројката на заразени од вирусот Ковид – 19 постојано расте, и како овој невидлив непријател секојдневно одзема се поголем број на животи.



Автор:Христијан Џопевски 7-3 одд
Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2 одд


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче