После дождот

Ноќ.Темна и задушувачка.И постојано така. Ништо не се менува. Зошто? Не ни очекував дека ова утро ќе ми биде поинакво од досега монотоните, речиси репризирани. Шкрипење на врата, затемнетост. Бура од емоции.Облачно и тмурно.Надвор,во градот. Прв пат ја видов во библиотеката-штотоку изградена.Не и’ обрнав внимание.Библиотекарката беше надвор. Ми понуди кафе.Ја одбив. И така не сакав да го продолжам разговорот.Поминав крај паркчето.Наоколу-дрва,сурови,без душа,сигурно некогаш не предзираат нас и нашите постапки.Загриженост.Измиксани чуства.Капки тивко почнуваат да ме натопуват.Се повеќе и повеќе се множат.Ладно е,ама пак си тука.Гласна тишина.Некогаш само таа може да ни го води умот.Се наежив штом твојата рака се најде на мојата половина.Потоа се погледнавме.На твоите трепки како да танцуваа капките роса.Потоа ко се топат.Tака настанале твоите сини и сјајни очи.Ветрот ја дуваше мојата коса.Тивко сечејќи не.Дождот уште погласно паѓаше.Како да не постоеше.Се завртев.Назат во реалноста.Многу е ладно.Ништо немаше.Ноќ студена и сурова, очите го разгледуваат хоризонтот.Празни мисли,редење на зборови неколку солзи и долга воздишка.

Автор и уредик:Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче