Најубави места во Македонија

 

Најубави места во Македонија

 

 

1.Национален парк Маврово

 

Таму се наоѓат Мавровското езеро, потонатата црква Св.Никола која е потопена кога се правело езерото во 1957 г. Во националниот парк Маврово живее и реткиот балкански рис.
Таму
се наоѓа и манастирот Рајчица, како и Бигорскиот Манастир.


 

2.Камени кукли или Куклица

 

Постои легенда за настанокот на камените кукли која е поврзана со свадбата и несреќната љубов на едно момче со две девојки од тој крај. Според преданиетомногу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Едно момче, кое било голем мајстор неимар-ѕидар, а воедно и лажго и љубовџија, живеело во селото КуклицаВо него една била бескрајно вљубена една девојка, но тој се оженил со друга, и поради тоа поради разочараната оставена девојка ги проколнала младенците. Во преданието невестата била побогата девојка од долното маало, додека вљубената девојка која ја фрлила клетвата била поубава, но сиромашна девојка од горното маало. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле. Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Во една друга верзија на легендата се вели дека момчето им закажало свадба и на двете девојки во ист ден, а кога посиромашната поубава девојка ги чула гајдите и тапаните ги проколнала младоженците и сватовите да се скаменат. Селаните го викаат местото „Весела свадба“ или „Камена свадба“ затоа што сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети „кукли“, и местото го добило своето име - Куклица.


 

3.Кокино

Кокино е 4 најстара мегалитска опсерваторија. На тоа место постојат големи камени блокови каде што во старо време се набљудувани сонцето, месечината и небото  и потоа според движењето на овие небесни тела се изработувани календари.


 

 

4.Смоларски водопад

Смоларски Водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м. во регионот на селото Смолари.

 


 5. Колешенски водопад

 

Колешински Водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.





 

6.Вевчански извори

 


 

Вевчански Извори - Сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри.

 


Автор:Јована Антовска 7-3одд
Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2одд

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче