Поука

Здраво јас се викам Миа и денес ке ви раскажам една неверојатна приказна за една интересна случка која што ја доживеав. Јас сум зачленета во црвен крст, но и не ми е некој навистина голем предизвик да одам таму бидејки инструкторите зборуваат  за движење на крвта во вратот, како може да се одреди пулсот... а јас бев заинтересирана за спасување вистински живот. Но набрзо ке дознаев колку овие работи навистина се важни.Еден убав есески ден, како и обично ја започнав мојата утринска рутина, станав во 8:30, се измив доручкував и решив да се прошетам. Бев возбудена бидејки слушнав дека во нашиот град  пристигнал нов изум кој би ни ја олеснил работата во кујната, неговата презентација ке се одржи во зграда која што се наоѓа во северниот дел од градот, во близина каде што јас живеам. Полека но сигурно чекорев по патеката низ паркот која водеше до зградата во која ке се случи настанот. По 20 минути пристигнав. Рано беше, но сепак имаше многу заинтересирани луѓе во просторијата. По некое време дојдоа и презентерите на овој проект. Се почна нормално и навистина беше интересно. Но се се смени кога стаклениот украс (кој впрочем служеше како модерна ламба ) се откачи и падна врз неколку луѓе. Сите испаничија и почнаа да викаат, плачат и тресат од страв, но јас сеуште процесирав што се случува. Тоа толку не надејно и брзо се случи што на мене и не ми беше баш јасно. Откако ги видов петорица повредени ми стана јасно дека треба итно да превземам нешто. Прво што реков беше некој да се повика брза помош, потоа да се направи место околу повредените а потоа и да се отворат прозорците. Им ги разгледав раните и заклучив дека тројца беа лесно повредени но двајца од посетителите беа со мошне сериозна повреда. Едниот беше длабоко повреден на ногата а другиот на вратот. Сега ми стана јасно дека требаше да обрнувам повеќе внимание на часовите од Црвен Крст. Не се сеќавам точно како им помогнав но сепак го сопрев крварењето се додека не пристигна Брзата помош. Откако пристигна Брзата помош беа однесени во болница и добро згрижени. И двајцата закрепнаа по неколку недели. Бев многу горда на себе и тој ден научив дека треба да обрнуваме вниманије на се, па дури и да ни се чини бескорисно.



Автор:Ева Серафимовска VIII-4  
Уредник: Ања Јовановска VIII-4 


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче