Биди фер, правилно фрлај смет

 


Да не ја повторуваме грешката од лани, 

повеќе не сме мали. 

Паметно селектирај, 

по можност рециклирај! 

 

Нека не ти биде воопшто мака, 

кон отпадот подај рака. 

Само така природата се сака, 

без изговор:,,вака-така”. 

 

Од отпадот по нашите улици, 

поплави торнада и виулици  

за возврат природата ни враќа. 

Дали тоа некој го сфаќа? 

 

Можеби на некој тоа ништо не му значи, 

но многумина навистина ги мачи. 

Сметот ќе смета  

и во наредните лета. 

 

Бон тон и  култура да покажеме, 

за отпадот да се не лажеме. 

Тој е општествена одговорност, 

а  од природата вечна благодарност. 

 

Литературната творба освои второ место на конкурсот „Биди фер, правилно фрлај смет“, кој го организираше Здружението на економски новинари Скопје.


Автор: Христијан Гочевски Иваноски 6-1 одд.

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче