Ракомет

Ракомет  — екипен спорт со топка, во кој се натпреваруваат две екипи по седум натпреварувачи (шест играчи плус еден голман) чија цел е да се постигне повеќе голови од противникот со рака. Стандарден натпревар се состои од два периода од 30 минути, а екипата која постигнала повеќе голови, победува во натпреварот. Современиот ракомет се игра на терен кој е широк 40 метри, а е долг 20 метри, со гол на средина на секој крај од теренот. Головите се опкружени со зона од 6 метри каде што е дозволен пристап само на одбранбениот голман. Головите мора да бидат постигнати со фрлање на топката надвор од зоната. Ракометот обично се игра во затворено, во сала.

Машка ракометната репрезентација на Македонија, ја претставува нашата земја на меѓународните ракометнинатпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на Ракометната федерација на Македонија. 

Машката ракометна федерација во продводена од Кире Лазаров се избори за престој на ЕП 2022. Таа во групата се наоѓаше со Финска, Швајцарија и Данска, и заврши на второто место со истн број на бодови како и светскиот првак – Данска. 

Во последните два натпревари одиграни оваа недела таа забележи победи совладувајќи ги Финска во Рихимаки и Швајцарија во Скопје. На дуелот со Финска репрезентацијата забележа победа со 22:27 каде што најефикасни ракометари беа Кирил Лазаров и Филип Кузмановски со пет постигнати погодоци, додека кај Финска најефикасен беше Макс Гранлуд со шест погодоци. На дуелот со Швајцарија кој беше одигран на 02.05 таа забележи победа со 29:28. Во поголемиот дел од првото полувреме Швајцарија имаше водство, а највисоката предност беше од три погодоци во шестнаесетата минута од натпреварот. Во второто полувреме се играше изедначено, ниедна од репрезентациите не успеа да направи значајна разлика во резултатот. Во нашата репрезентација најефикасни ракометари беа Филип Кузмановски и Кирил Лазаров со по шест погодоци, и Никола Митревски со 16 одбрани, додека за репрезентацијата на Швајцарија листата најефикасен беше Рубин Лени со девет подоци, потоа Анди Шмид со осум погодоци. 

Репрезентацијата забележи само еден пораз од 6 одиграни натпревари и тоа во гостувањето во Данска (37:21) на 14.03. 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче