Сончев систем
Сега малку ќе прочитате за Сончевиот Систем.
Некои од вас можеби се прашуваат што е тоа Сончев Систем, па затоа јас сега ке ви објаснам.
Сончев Систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небесни тела кои орбитираат околу него.
Во нашиот сончев Систем има осум планети и тоа: Меркур најблизок до сонцето, Венера втора планета до сонцето, нашата планета Земја која е трета, Марс после Земјата, Јупитер петти, Сатурн шести, Уран седми и осми Нептун. Ако Јупитер само малку се подзагрее тој може да стане и второ сонце во нашиот сончев систем. Бидејќи Плутон е најоддалечен од сонцето и е најмала планета, тој не се смета за планета туку за џуџеста планета.
Меркур-најмалата и најблиската планета до Сонцето од осумте планети во Сончевиот Систем, со орбитален период од околу 88 Земјени денови.
Гледана од Земјата, наликува како да се движи во својата орбита за околу 116 денови, што е многу побрзо од другите планети во Сончевиот Систем. Нема познати природни сателити. Планетата е именувана според римското божество Меркур, гласникот на боговите.
Венера-е втора планета од Сонцето, орбитирајќи на секои 224.7 Земјини денови.
Го има најдолгиот вртежен период (243 дена) од сите други планети во Сончевиот Систем и ротира во спротивна насока од другите планети (што значи дека Сонцето изгрева на запад, а заоѓа на исток). Нема ниту една месечина. Именувана е според римската божица на љубовта и убавината.
Земја- е една од осумте планети во Сончевиот Систем. Таа е трета планета по оддалеченост од Сонцето и најголема со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата Земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот.
Марс -е четвртата планета од Сонцето со просечна оддалеченост од 227.940.000 км .
Нејзиниот пречникот изнесува 6.794 км (речиси двојно помал од тој на Земјата), со што, според големината, таа е четврта планета во Сончевиот Систем. Планетата веројатно го добила името заради својата црвена боја, така што понекогаш се нарекува и „Црвената планета“. Инаку, Марс е богот на војната во римската митологија.
Јупитер- е петтата планета од Сонцето и најголема во Сончевиот Систем. Таа е гигант планета со маса една илјадитина од Сонцето, и 2.5 пати потешка од останатите планети во сончевиот систем заедно.
Сатурн-е шеста планета од Сонцето и втора по големина во Сончевиот Систем по Јупитер. Тоа е гасовит џин со просечен полупречник девет пати поголем од оној на Земјата.
Уран- е седмата планета од Сонцето. Таа има трета по големина планетарен полупречник и четврта по големина планетарен маса во Сончевиот Систем. Уран е сличен по композицијата на Нептун.
Нептун — осма и најоддалечена планета во Сончевиот Систем. Неа ја открил германскиот астроном Јохан Готфрид Гале во 1846 година.
Плутон — џуџеста планета во Сончевиот Систем, официјално означена како „134340 Плутон“. Откриена е во 1930 година од американскиот астроном Клајд Томбо.
Уредник:Катарина Пислевиќ 7-2 одд