Моите другари

 

МОИТЕ ДРУГАРИ

 

На светот има многу другари, но само неколку се оние вистинските. Кога ќе паднеш тие ќе те кренат, кога ти треба помош тие ќе ти помогнат. Тие се секогаш во првиот ред за тебе. Тие се оние со кои часовите се секунди,  а минутите мили-секунди.

Ретко ги има вистинските и треба внимателно да се одберат поради тоа што треба да им веруваме.

Другарите на кои им верувам се оние со кои ја делам среќата, ми поминува тагата и во лош ден се насмевнувам.

Тие се неколку но за мене сите посебно вредат многу повеќе и секој вреди на свој начин.

Мојата прва вистинска другарка која ја запознав сосема спонтано на час по пеење како многу мала, очигледно за нас двете е вистина поговорката Што е убаво долго трае!

Со неа и ден денес се дружам.

Наша заедничка другарка која ја запознавме една година подоцна на истиот начин.

Од нашето училиште има многу деца со кои се дружам но оние со кои сум најблиска

се само неколку деца.

Ние заедно ги поминуваме најубавите моменти и ги споделуваме нашите емоции.

Да се има другари е многу важно, секој од нас треба да има некој со кого ќе се радува зарем не?

Дали сега знаете кои ви се вистински другари?

 


 

 Автор и уредник: Катарина Пислевиќ 7-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче