Биди фер, правилно фрлај смет

 

Се бара сопственикот на ова ливче влажно, 

кое одлетало и паднало во вода,а многу е важно! 

 

Во него има напишано пораки разни, 

кои секој треба да ги почитува, 

за почист и поубав свет. 

 

Секој треба да знае 

на отпадокот каде му е место, 

за потоа сé да биде полесно. 

 

Старата хартија каде да се стави, 

за од неа повторно нешто ново да се направи. 

 

Скршеното стакло повторно да се преработи, рециклира 

и нови производи со блескав сјај, 

може да го красат секој дом знај. 

 

Децата џвакаат мастика, 

но тоа не е пластика 

и не може да се рециклира. 

 

Пластичните шишиња може да се претворат во ПЕТ аерогелови, 

а од нив изолација се прави на куќи и згради, 

може и облека и обувки топли, 

секој од нас да носи, 

кога зимата коси. 

 

Пластични капачиња се надеж плус. 

За една инвалидска количка се потребни во голем број, 

но ние децата како пчелки во рој , 

можеме да себереме капачиња безброј. 

 

Затоа да напишеме пораки, 

да ги поставиме на места каде секој може да ги види, 

да постапува според нив често, 

за да живееме во почисто и поубаво место! 

 

Литературната творба освои прво место на конкурсот „Биди фер, правилно фрлај смет“, кој го организираше Здружението на економски новинари Скопје.

 

 

Автор: Ева Стојмановска 6-4 одд.

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3                                                         

Popular posts from this blog

Мојот живот за време на пандемија

Пролетен пејзаж

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров