Спокојното утро
Седев на креветот и разгледував слики од предходното лето.Меѓу тој колем куп најдов една со моите најдобри другари.Следната што се најде во мојата рака беше една слика со мојата фамилија-на одмор.Најдов слика од мене а на нејзе позирам на песочната плажа со моите најнови купаќи.Имаше и една од како возиме ролери со мојата другарка.Имаше слика со една посебна личност, после нејзе сум ја ставила сликата од мене и моето милениче.Една по една сликите се редеа во мојот споменар.Под секоја од нив имаше бел дел кој ми дозволуваше да пишувам интересни пораки.Полека,нанесувајќи малку лепило ги лепев сликите на празната страница.Додека чекав да исушат почнав да пишувам за интересните работи кои се случија за време на летото.Да...имав многу за пишување.Раката одеднаш запре на една недопрена но незаборавена слика.Тој ден излегов на една од моите многу утрински прошетки.По некое време седнав на клупа за да ја згаснам жедта и да одморам.Неднаш телефонот светна и се појави пораката:
“Станата?”
Одговорив со:
“Да”
Телефонот светна пак овојпат со пораката:
“Да не си на
утринска прошетка?”
Одговорив со насмеаното емоџи (😁)
Следеше:
“Да не ти треба друштво?”
Го пратив емоџито кое намигнува (😉)
“Се чекаме пред продавницата Shop till you drop?”
“Може”
Тргнав накај добро познатата продавница.По неколку минути
се сретнавме.
Прошетавме низ населбата,возевме скејтбордови,
зборувавме.Не зборуваме за фактот дека стомакот милион пати ми се преврте а
мозокот почна да прави ѕвезди во главата.По неколку часа утрото веќе
завршуваше.Сите почнаа да се будат и тоа го нагласи времето за одење дома. Пред
да тргнам ми намигна.Со насмевка се вратив дома.Доручекот веќе направен, седеше
на масата.Сестра ми го пиеше утринското млеко,мачето спокојно јадеше.Ехх, никој
доручек не бил поубав од овој...
Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4