Интересни факти за петте најпознати модни дизајнери

 Модата е многу ценета од страна на целиот свет. Во ова модерно време, модата е една од најважните манири кој што треба да ги има човекот.

Едни од најпознатите дизајнери во светот се:

Џорџо Армани

Поранешниот аранжер на излози, Армани, ја започнал својата кариера во 1975 година, во истоимената компанија. Славата ја стекнал за кратко време, кога започнал да дизајнира костими за Ричард Гир. Армани соработувал со многу познати ѕвезди, меѓу кои и со Лејди Гага за која ги дизајнираше костимите кои таа ги носеше на нејзината последна турнеја.

Пјерд Карден

Французинот роден во Италија, Пјер Карден, има футуристички пристап кон модата. Неговите парчиња облека создадени во 20-от век, беа оценети како облека креирана во 25-от век. Познат е по авангардните балон–фустани кои и денес се популарни. Освен облека, Карден дизајнирал и автомобили и чадори.

Коко Шанел

На почетокот на 20-от век, Коко Шанел воведе револуција во женската мода, создавајќи поудобна облека со што ги ослободи жените од корсетите. Кариерата ја започнала со отворањето на првата продавница за шапки во 1910 година, со финансиска помош од нејзиниот љубовник. Во 1923 година го лансираше парфемот „Шанел број 5“. Со почетокот на Втората светска војна, Шанел ја затвори продавницата за шапки и повторно ја отвори дури во 1954 година, кога ѕвонарките станаа популарни.

Кристијан Диор

Првата модна линија на Диор беше одржана во неговиот дом во 1947 година и подразбираше строги креации кои ја потенцираа половината. Но разбирајќи ги потребите на жените, Диор продолжи да креира облека која ги открива колената и не ја стега половината. Смртта на Диор во 1957 година значеше и пропаст на целата компанија. За среќа, тогаш 21-годишниот Ив Сен Лорен, кој беше непознат за јавноста, беше унапреден и ја продолжи славата на модната куќа Диор.

Том Форд

Во 1990 година, кога модната куќа Гучи беше пред банкрот, едно ново и непознато лице беше назначено за креативен директор на оваа модна куќа. Тоа беше Том Форд, кој подоцна стана познат по провокативните и   кампањите за зајакнување на брендот.

 Автор: Ева Серафимовска VIII-4

Уредник: Ања Јовановска VIII-4





Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче