Како ја замислувам иднината на планетата Земја?
Нашата убава, но и уништена планета. Добродателка на нашите фантастични животи. Во иднина сигурно ќе биде почиста, понегувана од сега.
Седнав на една дрвена клупа во блискиот парк и почнав да го замислувам животот на сината планета. После 100 години луѓето што ќе живеат овде ќе имаат летечки автомобили со крилја, секоја канта ќе може да зборува: "Фрлете го отпадот на правилно место!" доколку некој човек фрли ѓубре во близина на нејзината околина на земја. Во училиштата покрај нормалните предмети ќе има и дополнителни предмети како: спријателување со змејови, каде децата ќе научат како да се спријателат со некои, за некои страшни, а за некои слатки животни, магиологија каде што тие деца што сакаат да станат добри магионичари и да ги радуваат помладите ќе ги започнат своите вешти трикови со карти, чаши и разни други предмети, планетологија каде децата повеќе ќе научат да се грижат за планетата: да садат растенија, да им помагаат на животните и постарите луѓе, да ги полеваат новите садници и другите нежни цветови и миризливи дрвја, јазикот на животните каде дечињата ќе го учат јазикот (значењето на криците) на интересните животни. Кога малите дечиња ќе пораснат како нивните родители ќе имаат супер моќи. Некои од нив ќе можат да летаат, некои пак ќе имаат можност да ја предвидуваат иднината, да бидат невидливи, да комуницираат со водата, небото, земјата и оганот, можеби некои ќе имаат можност да се трансформираат во убави сирени...
Самата одлична помисла многу добро звучи, а којзане дали ќе се случи?
Автор и уредник: Михаела Димчова VIII-2