Галаксија

   Интересна тема за приближно сите деца е  галаксијата, поточно планетите, сонцето, ѕвездите и друго.

   Галаксија или млечнина е гравитациски спој од ѕвездени системи, меѓуѕвездена прашинаплазма и темна материја. Тие по големина би се нарекле џуџиња (стотици милиони ѕвезди) и џинови (стотици милијарди ѕвезди). Галаксијата е доста интересен поим и интересен за учење.

Еве неколку интересни факти за галаксијата

  • Ако месечината се доближи премногу блиску до Земјата, океанските плими би направиле комплетен хаос. Сите градови во близината на брегот би се нашле под вода.
  • Светлината која моментално удира во Земјата е стара 30 илјади години. Тоа значи дека настанала отприлика во периодот кога неандерталците изумреле.
  • Глината која се наоѓа на Марс содржи големи количества борон. Станува збор за супстанца која се верува дека е клучна за формирањето на живот. Можете ли да замислите постоење на живот на Марс? Токму поради тоа се испраќаат роверите кои истражуваат на површината на Марс.
  • Едно зрно песок на ноќното небо е колку 10.000 галаксии.

  • За 4 милијарди години, нашата галаксија ќе се судри со галаксијата Андромеда.


   Автор: Адриана Стоилевска VIII-4

   Уредник: Ања Јовановска VIII-4

    Popular posts from this blog

    Пролетен пејзаж

    Мојот живот за време на пандемија

    Едно поинакво лето

    „Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

    Само еднаш сум дете

    Нашето ново катче