Размислувам за...

 

Ноќ. Темна и глува. Пуста и далечна. Оставена сама, можеби прерано размислувам за животот. Или не. Само размислувам за нештата во него. Се фрлам во прегратките на ноќта. Излегувам надвор. Улицата пуста. А и небото такво. Без ѕвезди. Облачно. Вискоите згради мудро и таинствено молчат. А светиликите, ни тие не ја вршат својата улога. Го осветлуваат патот само до едно исушено дрво. Стигнувам до таму и до вирот под него. Погледнувам и се гледам себе си.Каков белег ке оставам во овој свет? На што ли ќе се сеќаваат луѓето, кога ќе се спомене моето име? Дали ке останам развеселена?Дали кога ке пораснам насмевката од моето лице ке помине..Исчезне..Засекогаш....Ја кревам главата пред мене се појавува силуетата на монструмот кој мајка ми ја остави сама со милион прашања и солзи а мене со огромни модринки по телото..Не ми е јасно зошто мојот вистински татко замина?!Сигурно е една од сјајните ѕвезди на секоја летна ноќ.Монструмот се затрча кон мене, почнав да врескам и плачам..ʺОди си,,-почнав липајќи да го молам...Се разбудив мајка ми загрижено стоеше крај мојот кревет.Ми рече- гориш од температура душо.Што сонуваше.Плачејќи станав од креветот ја гушнав мајка ми.Срцето ми се опушти знаејќи дека ова беше само еден кошмар..Само еден лош и темен кошмар...





Автор и Уредник: Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче