Прекрасната мелодија на есента
Бум-бум!-грмотевици
светнаа на небото.А потоа започна да
паѓа дожд. Капките паѓаа како солзи на дете и се задржуваа на листовите на
дрвјата.Некои палави дечиња останаа надвор и се радуваа. Скокаа по вирчињата и
се обидуваа да ги фатат капките на дождот, но набрзо се исплашија од силните
грмотевици. Ветерот почна да го води маѓичниот танц со листовите. Некои листови
кои веќе беа паднати и исушени, крцкаа под нозете на луѓето кои итаа за да стигнат
дома.Дождот удираше по чадорите создавајќи некаква чудесна мелодија. Бојата на
небото веќе беше сива, намуртена и тмурна. Животните и нивните младенчиња
побрзаа да се скријат од дождот.Грмотевиците се посилно светкаа. Прозорците
украсени со капки, а ветерот си играше со напуштените објекти и со гранките на
дрвјата кои ги нишаше и ги буткаше останатите
жолти листови. Дождот ја разлеа својата мистична моќ на целата околина.
Се доби поинков сјај.Целата прашина и нечистотија наеднаш замина.Мирисот на
воздухот стана поинаков.Сите бои од околината го добија својот интензивен сјај.Дури
и земјата како да се радуваше на влагата која ја добиваше од дождот. Кап-кап,
прекрасна мелодија која се ширеше насекаде.
Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4