11 Октомври
11 Октомври, празник за душа,
убав глас од сегде се слуша.
Црвено-жолто знаме се вее,
сечие лице милно се смее.
За почит кон паднатите борци,
ќе положат цвеќе новите творци.
За да се потсетиме на нашето минато,
за некое детство прерано скинато.
Во Прилеп и Куманово првите пушки пукнале,
партизаните за јуриш во борба викнале.
Со храбро срце Македонија се сака
Ние помалите ќе продолжиме така.
Автор: Христијан Гочевски Иваноски VI-1
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3