11 Oктомври
11 Октомври
Единаесетти октомври 1941 година претставува врвен исказ
на револуционерните и слободарски традиции на македонскиот народ изразени во
минатото преку разни буни и востанија. Во услови на окупација, во таа година во
Македонија започнаа подготовките за кревање вооружено востание. Во тој правец,
организациите на КП ( Комунистичка партија) ја насочија својата активност на
теренот. Резултат на таа активност беа многубројните борбени акции од доаѓањето
на окупаторите, кои се изразуваa преку разни диверзии, демонстрации, до вооружени
судири и паѓање на првите жртви во текот на 1941 година.
Токму затоа, 11 Oктомври дојде како логичен продолжеток
на сето она што се случуваше во Македонија во минатите векови и децении. По
овој датум, првите партизански одреди ( Скопскиот, Прилепскиот и Кумановскиот)
им наметнаа на окупаторите поголеми воени судири. Борбата на македонскиот народ
и националностите- Турците, Власите, Србите, Албанците, Ромите, Евреитe и други-
се издигнаа на повисок степен и беше предвесник на масовното вооружено востаниe со антифашистички и ослободитлен карактер. Затоа 11 Oктомври Македонија го
празнува како државен празник.