Агентот 007:Страв и капка храброст

 Убаво саботно попладне.Шетање со другари.Шеги и малку глупирање..

Денес немаше мисија.Меѓународно око го чекаше следниот чекор на Сер Лусиер.Додека се чекаше тоа ние агентите имавме слободно време но,секако моравме брзо да стапиме во акција ако нé викнат.Јас се шетав со Лукас, Џордан, Ник и Адидас (тоа им беа “вторите имиња” со кои ги викав јас а и они меѓусебно се викаа). Тие не знаеа за мојата голема тајна бидејќи не смеев да кажам иако копнеев да ја споделам.Седевме на клупите и зборувавме за играње видео-игри, симпатии...Потоа отидовме до продавничката и купивме некои грицки.Шетањето низ градот ни беше начин на дружење и релаксирње. Потоа отидовме во близина на нашето основно училиште. Тоа тивко маало секогаш знаеше да не насмее.Чекоревме во близина на едни познати згради каде секогаш имаше куп деца. Сега беше празно. Слушнав чекорење и се завртев. Но никој немаше. Ник почна да се шегува  и застана пред мене имитирајки ме. Незнам како ми го погодуваше гласот. Наеднаш слушнав фрлање. И видов личност. Најдобриот фрлач на ножеви во мета на Лусиер. Ник...на земјата лежеше. Неговата крв бликаше. Сите станавме бледи. Адидас почна да паничи и да се тресе. Џордан исто беше исплашен а и Лукас. Јас во миг се соземав. Човекот на Лусиер кога ја виде грешката побегна бидејќи ги знаеше последиците. Јас клекнав и го спречив Ник да го извади ножот од ногата. Вадењето на нож би предизвикало на губење на крв а премногу изгубена крв води до смрт. Ник набрзо се онесвести од болката. Јас реков да ми дадат каиш и го ставив повредата за да го спречам крвотокот и реков веднаш да се јават на брза помош.Важен момент беше правилен и брз транспорт до болница.Планот успеа а, и набрзо дојде брза помош.Замоливме да дојдеме. Родителите на Ник беа известени а и Меѓународно око беше. Тие и кажаа на болницата за случајот. Новинарите не смееа да дознаат ни парче информација за ова. Меѓународно око не ме извести за што им кажа на родителите на Ник. Во грлото ко да имав камен кој ме спречуваше да зборувам. Џордан, Адидас и Лукас имаа милион прашања.Вистината мора да излезе на виделина. Немам друг избор...Им кажав...Им кажав се...Се заколнаа дека нема да кажат на никој бидејки со тоа накратко: би изгубила сè. Толку се чуствував виновна а и покрај се, беше наменето на мене не на Ник..Ако тој ја изгуби ногата не би можела едноставно да живеам со вината.Нестрпливо чекавме вести. Меѓународно око ветија дека би била една од првите која би добила вести.Секој момент од таа операција важеше. Срцето ми чукаше силно во следните 2 часа. Добив повик. Оној повик... Ги гризав усните стискајки ги прстите.Неможев да го помрднам телото. Ник...Ник... УСПЕАЛ. Се гушкавме со радосни солзи и бевме првите кои го посетија со балони, картички за брзо оздравување и др..Имав желба насамо да разговарам со Ник.

-Фала...што..ме заштити.Ножот беше за мене.

-Молам?! Лиз...Што ти е?!

-Долга приказна..Те чека кога ке закрепнеш целосно.

Тој се тивко насмевна.

Го гушнав, а тој ми шепна во увото.

-Фала што ме спаси.

-Одмори се. Сигурна сум дека си уморен.Чао. Се гледаме..

 

Кога ја напуштив огромната влезна врата на болницата на паркингот ме чекаше  Маркус.

-Добра си?

-Да..

Гласен молк.

-Маркус...воздивнав. Ќе плати.

-Сигурен сум дека ке се погрижиш за тоа.

Незнаеш колку многу ти значи личноста
пред да ја изгубиш...

Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче