Агентот 007: Ексползија во Токио

  

Темна ноќ.Нова мисија.Нов предизвик.Јас агент ОО7 итав низ улиците на Токио.Имав тајна мисија да ставам бомба.Сер Лусиер-висок,темен и злобен човек имаше машина која може да контролира нано боти (роботчиња кои можaт да се ставаат во човековото тело и можат да ги убијат скоро сите болести).Мисијата-кристално чиста:да се уништи машината без да се остави ниеден дел од нејзе.

Секој час,секоја минута,секунда отчукуваше се побрзо и побрзо. Не смеев да губам време па го забрзав чекорот.Се буткав низ улицата полна со луѓе.Друг агент се најави.Ја вклучив слушалката за да можам да слушнам што зборува.

-Агент ОО7 те следат! Ти требаат ли уште луѓе?

-Не ќе ја решам мисијава сама.

Не смеев да ги нападнам бидејќи ке привлечам внимание.Морав да го сменам изгледот.Ги извадив леќите кои ми даваа кафеави очи. Ги одлепив и долгите  нокти.Ставив очила и си ја кренав капата од дуксерот.Од позади изгледав исто.Следачите се прикрадоа до мене и ме фатија за рамо.Се звртев и глумев дека сум изненадена.

-Ахх..Што е?

-Се извинуваме,се надеваме дека можеш да ни помогнеш.Ја изгубивме нашата другарка.Имаше долги нокти,кафеави очи долга светло кафеава коса..

-Ахх да имаше една млада девојка,да да..Ако сеќавањето не ме лаже заврте накај таа продавница.Има лош вкус, крофните од таму се катастрофа.

-Фала ни помогна многу.Пријатно.

Превртев со очите.На најлесниот трик паднаа..Почетници претпоставувам.

Продолжив на следната улица.Овдека немаше луѓе.Тивко поминував кога одеднаш ме заобиколија луѓето на Лусиер.Главниот ме фати за грло.

Кај е бомбата?Кажувај! Твоите последни минути може да се овие.

Ако ми го пуштеше грлото можеби ке ти кажев.

(Кашла)Ахх..тоа е подобро.А сега кој ве прати? Лусиер така?!

Јас ги поставувам прашањата овдека душо.

Хмм да.. даа.. Оффф аууу аууу увото. (вака беше тајниот сигнал кога сме во тесно)

Престани да ми го трошиш времето и кажи ми кај е бомбата!

Во твојот ум претпоставувам затоа што само за нејзе ми зборуваш.

Аххх ти една змија.Тој се затрча но јас лесно избегав.По многу обиди конечно ме фати пак за грло.

Кажи ја локацијата на бомбата ВЕДНАШ!

Глава?

Ти една безвредна...И оној кој ме држеше прими удар дирекно во главата.

(кога сме во тесно глумиме дека не боли увото и тајно ја приклучуваме слушалката Така другиѕте агенти се слушаат и можат да дојдат на помош)

Ха ха! Секогаш на време сум!

Маркус престани да раскажуваш и кажи ми,дали ми го донесе мојот мотор?

Да,таму е.

Океј фала.Вие средете ги овие,а јас ќе го посетам лусиер.

Брзо го облеков мојот костум и седнав на моторот.

Конечно стигнав до улицата Шонсуа.Го погледнав часовникот.Уште само неколку минути.Со прикрадување тргнав накај објектот кој беше сам на оваа пуста улица. Никој не се осмелуваше да оди на улицата.Во оваа слика немаше ни автомобили.Па добро имаше само еден-автомобилот на Сер лусиер.Ја активирав бомбата.Она што остана беше да ја ставам на соодветно место пред да експлодира.Со јаже се качив на кровот на објектот.Но кога се качив на кровот Лусер ме чекаше.Со пиштол вперен право во глава.

Последни зборови?

Погледнав во бомбата.Последните 20 секунди отчукуваа.Борбата со лусиер сигурно ке потрае.

 Ја фрлив бомбата и скокнав од објектот.Паднав право на колата.Болеше ама немав време за губеење.Избегав пред да ме фати огромната експлозија.Маркус дотрча заедно со другите агенти.

Добра си?

Не се грижи за мене.Битното е што:

Мисијата е завршена.

 


 

Агент ОО7:Лиз Шерман

 

Главниот агент на Меѓународно око позната како агент ОО7.Маркус-нејзиниот најдобар другар ја знае и како Лиз Шерман.Силна но и многу емотивна девојка Лиз на само 3 години е оставена од своите родители.Таа изгубено талка на улиците.Една вечер заспива пред вратата на најпознатиот објект во Холивуд.Меѓународно око.Училиште за тајни агенти и детективи.Лиз остатокот од детството го поминува во ова училиште заедно со Маркус,Стефи и Карла.Посетува училиште како и секој од нас но не креира повеќе големи пријателства.Сега на 23 години таа станува главниот агент и се соочува со многу бранови во нејзиниот живот.Дали ке ги преброди?! Ех,тоа ќе го дознаете во следната глава...


Автор и уредник:Ања Јовановска  VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче