Проект за меѓуетничка интеграција во образованието, прва работилница
Нашето училиште заедно со уште две други училишта од општина Гази Баба оваа година учествува во проект за меѓуетничка интеграција во образованието. Проектот е на УСАИД, а го организираат МОФ и Младинскиот центар за граѓанско образование. Целта на проектот е да се детектираат приоритети на младите кои понатаму ќе прераснат во акција која ќе се реализира во соработка со општината.
На денешната прва работилница преку индивидуална и групна работа се даваа предлози за тоа што сакаме да се промени во нашата средина за да се подобри квалитетот на животот на младите. Дававме идеи и за волонтерски акции кои ќе придонесат за остварување на овие цели, а и за унапредување на целата заедница.
Учесници во проектот се ученици од седмо, осмо и деветто одделение.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3