Детство
Детството е кутија исполнета со многу желби и посакувања кои честопати се помеѓу границата на фантазијата и реалноста.Секое дете заслужува топол дом,добри родители кои ке го подржуваат во секој чекор од животот,пријатели кои нема да го омаловажуваат и да го гледаат според материјалните добра.Има доста деца со тежок живот.Според нив тој е како море со големи бранови спремни да те потонат во секој даден момент а ти?! Само едно кревко мало детенце оставено,исплашено...Не сакам да биде вака..Би сакала овие мои соништа да се реалност и секое дете да живее безгрижно и среќно. Детството претставува нешто најчисто и највистинито кое ке го почуствува детското срце. Тоа мало срце не треба и не смее да знае за тага, за глад, за жед, за кавга и за многу други работи кои се случуваат. Секој детски живот треба да биде исполнет со радост и смеа со игра и песна, за безброј соништа во кои невозможното станува возможно и вистинито.
Секое
дете без разлика дали е црно или бело, гладно или нахрането треба да живее во
топол дом и за секое дете да има безброј исполнети и неисполнети желби и
фантазии во некое свое посебно катче како што е детскиот живот и детскиот
недопирлив свет.
Уредник и Автор Ања Јовановска 8-4