🌹Состав за жената🌹

 

Жената отсекогаш била единствена, неповторлива, магична и божествена!

Божествена затоа што во себе ги носи најубавите допири, убавина, благост и милина,топол поглед,остар ум и голема сила.

Ја сакам жената со сето она што се разликува од мажот, а не со она што ја доближува или израмнува со него. Всушност ние своето потекло и својот идентитет и го должиме на жената. Таа ја носи сета одбранбена моќ што се пренесува од единката на пошироката заедница,а не само во семејството. Да се твори и пишува за жената е нешто најубаво и највозвишено, па дури и самата идеја за тоа е голема. Да се опева жената значи да се учествува и негува нејзината љубов.Во минатото жената не е ни половина од тоа што е сега.Сега жената може да биде доктор и да ти го спаси жиотот,сега може да биде наставник и да го дели знаењето несебично,на секого.Сега жената е посилна,слободна ко птица,сега со уште поголеми сили. Уметноста и уметникот жената ја претставувале како моќна фигура со убави и бујни коси, ѕвезда која не згаснува и копнеж што не се пропушта. Во книгите таа е птица.Нејзиниот глас надалеку се пее,никогаш не престанува,никогаш не снемува здив.. Во некои филмови таа е борец кој не се откажува, не застанува туку упорно се бори за своите права. Можеме да кажеме дека е убава, величествена, единствена, прекрасна..Но,нема да биде доволно.Никогаш нема да можеме да ги опишеме оние бујни коси, оние сочни и румени усни,оној нежен допир и оние небесни очи со своја приказна. Добродетелка, на моменти многу емотивна но, сепак истрајна и издржлива. Тоа е жената. Напред-назад, лево-десно… Секаде жената. Жена-лекар, жена-професор, жена-политичар, грижлива домаќинка-столб во семејството и движечка сила во општеството. Секоја жена е приказна сама за себе во која оправдано секоја од нив сака да биде: искрена, јасна, трајна… Таа е триумф кој се стекнува тогаш кога и се заслужува...


Уредник и Автор Ања Јовановска 8-4





Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче