Мојата омилена книга
„Најдоброто кино во светот е мозокот, а тоа ќе го сфатите кога ќе читате добра книга.“ – Ридли Скот
Дали се согласувате со оваа интересна порака од Ридли Скот? Инспирирана од мојата омилена кига и многу други што ги имам читано јас составив моја порака која гласи
Книгите се лек на досадата.Наместо светлината на телефонот да ни ги покрива очите,нека бидат ослепени со добра книга!
Мојата омилена книга е романот "Марта" од познатиот македонски писател Горјан Петревски.Имам читано и други негови дела како Споменка, Снеговите на Климентина Евин, Исти очи, Сама…Таа е всушност првата книга која ја имам читано од него.Се работи за осмооделенката Марта која има најразлични ложи и добри случки од кои можеме да научиме толку многу.Таа многу лесно допре до моето срце и остави вечен белег во него.Таа волшебна книга ми го рашири видникот и ми раскажа за лошата страна на светот.Писателот преку оваа книга ни кажа дека не можеме токму на секој да веруваме и дека секогаш треба да останеме силни и да најдеме начин да го решиме проблемот кој е пред нас.
Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе се погрижи за останатото…
Автор и уредник Ања Јовановска 8-4