Проект МИМО, средба со градоначалникот на општина Гази Баба
Во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, кој го реализираат МОФ и Младинскиот центар за граѓанско образование, денес одржавме средба со градоначалникот на нашата општина, Борис Георгиевски. На претходните две работилници, ние учениците кои учествуваме во овој проект идентификувавме три приоритети на младите кои ги издвоивме како најбитни и можеме да ги реализираме со поддршка од општината. Тие приоритети се : Отворање на младински клуб во општина Гази Баба Обновување на парковите во општината и создавање нови паркови Реновирање на постоечките спортски игралишта и изградба на нови Во изминатиов период градоначалникот преку писмо го известивме за нашите потреби и идеи, побаравме помош и соработка од општината, и на наше големо задоволство, тој денес ни соопшти дека сите три акции можат да се реализираат. Во најскоро време, веќе следниот месец, може да се отворат не еден, туку повеќе младински клубо...