Во чест на Илинден
Што и да кажам
за овој светол ден,
малку ќе биде.
А мислев, не дека не мислев.
Со стисната тупаница на чело
како нашите илинденци,
но тие во нивната тупаница стегале пушка,
а јас стегам мисли
и цврсто ги држам да не побегнат во ројот,
бидејќи што и да кажам за овој ден малку ќе биде,
за комитите што загинале во бојот.
Храброста нивна е опеана безброј пати,
стојам нем и празен пред нивната сила
да се соочат со десеткратно побројниот аскер,
за да извојуваат слобода и мир
за татковината наша мила.
Мислам стихови за јунаците смели,
силно ја стискам тупаницата на чело,
но не постои ни буква ни збор
што верно ќе го прикаже нивното дело.
Илија Громовник силно нека грмне,
моите мисли да ги претвори во пламен,
на овој голем ден свечено збор давам:
Каде и да ме однесе животниот ветар
на вашето херојско дело, о јунаци наши,
вечно ќе се сеќавам.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3