Фолклорни друштва

Што е фолклор?

  Под поимот фолклор спаѓаат приказните, музиката, танцот, раскажаната историја, обичаите и се она што го опфаќа културата. Исто така, тоа претставува склоп на обичаи преку кои сите овие жанри се споделуваат.

Термините народна музика, народен танц и народна песна се употребуваат од неодамна. Тие се како надополнување на зборот фолклор. Но појавата на поимот ,,народен/фолк се поклопува со изливот на националното чувство низ цела Европа, каде што најмногу доаѓа до израз националниот идентитет. 

Традиционалните танци, кои се играат во фолклорните дружтва, во секоја држава се развивале со години. Тие танци се развивале со разни облици и утврдени движења. Секоја држава си има своја традиција и култура. И според тоа секоја држава има свое различно гледиште кон фолклорните друштва. Во секоја држава и секое фолклорно друштво се играат различни ора на различен вид народна музика и се носат различни носии. Низ овие фолклорни танци на некој начин се претставува животот и културата на луѓето во минатото.

Сите фолклорни друштва имаат свои настапи кон публиката која го сака фолклорот. Тие се претставуваат со свој настап кој што го припремаат подолго време и на таков начин ја воодушевуваат публиката.

Секое фолклорно друштво исто така одржува и свои турнеи. Тоа се прошетки низ разни места во светот каде секоја држава се претставува со својата култура и обичаи кон другите.       

Автор: Јана Саздовска VII-2
Уредник: Михаела Димчова VII-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче