Државен натпревар по географија

Државниот натпревар по географија се одржа на 29 мај во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент, со физичко присуство. За учество на овој натпревар од нашето училиште пласман оствари ученикот Алексеј Стојановиќ од VIII-3 одделение. Натпреварот беше организиран од Здружението на професори по географија на Македонија „Проф. д-р Љубе Миленковски“, кое награди тројца ученици за освоено прво, второ и трето место, а нашиот претставник доби пофалница.

Наградите и признанијата за учениците, нивните ментори и училиштата од кои доаѓаат беа доделени на 4 јуни, на посебна свеченост во УТМ.


Автор и уредник: Михаела Димчова VII-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров