Виртуелна средба со нашите онлајн пријатели од Франција

 Ние учениците од седмо одделение кој сме дел од секцијата ,,Франкофонски клуб,, денес имавме средба со нашите оналјн пријатели од училиштето „Achille Rousson“ во околината на Монтпелје, Франција. Ние учениците подготвивме презентација со која им го претставивме нашето училиште и дискутиравме за тоа што ќе правиме за време на летниот распуст. Тука завршува нашиот проект но, ние сме полни со желба за повторна средба ( во поинакви услови). За крај,  ви го пренесуваме нашето искуство од виртуелната среба во рамките на е-твининг проектот- Виртуелни пријатели.


Сара: Оваа денешна дружба меѓу нас и французите мене многу ми се допадна бидејќи повторно се сретнавме на онлајн среба каде што си расменивме социјални мрежи за поголемо дружење за летниот распуст и дознавме поинтересни факти за животот во Франција.

Јована: Овој проект на нас учениците од седмо одделение и на учениците од училиштето во Франција ни овозможи чекор кон иднината за запознавање и дискутирање на различни теми за нашите и нивните училишта, традицијата и културата.

Клара: Беше едно големо искуство да запознаеш некој од друга држава што на различен начин живее и учи.

Ања: Возбудата од запознавањето на некој кој живее и учи на различен начин беше навистина голема. Преку овој проект запознавме нови другари, научивме нешто повеќе за Франција и го развивме уште повеќе речникот.

Луна: Беше многу забавно, интересно и незаборавно искуство да бидеш дел од ваков проект, каде можеш да бидеш во контакт со луѓе со кои прв пат се среќаваш, кои се од друга држава.




















Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче