Младите можат: Работилница за квалитет на живот
Младите можат, под покровителство на претседателот Пендаровски и УНИЦЕФ, денес ја одржа работилницата за квалитет на живот, на која учествуваа ученици од основно и средно образование. Темите кои беа опфатени во оваа работилница се:
- Ментално здравје
- Еднакви права/Интеграција и инклузија
- Искористување на нашиот потенцијал/Можности за млади
- Превенција и заштита од насилство/Разбирање и заштита од насилство
- Младинско учество
Целта на работилницата беше преку дискусија да се идентификуваат главните проблеми со кои се соочуваат младите во контекст на наведените теми, да се откријат причините за нив, факторите кои можат да влијаат за нивно надминување (самите млади, училиштето, општината, пошироката заедница) и нивната улога во овие области.
Водителите на работилницата создадоа многу позитивна атмосфера и нè поттикнуваа активно да споделувавме
наши мислења, ставови, идеи и предлози за решавање на пријавените проблеми. Поминавме интересни, забавни и поучни четири часа, се стекнавме
со знаења и вештини кои ќе ни помогнат активно да учествуваме и да се залагаме
за нови можности, за искористување на нашите потенцијали и за заштита од насилство од секаков вид. Со нетрпение ја чекаме следната работилница.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3