Младите можат: Работилница за образование
Под мотото „Преосмисли ја иднината“, Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и претседателот Стево Пендаровски, во организација на ННГО Младите можат, организираат работилници на теми кои за младите луѓе претставуваат најголем предизвик: образованието, квалитетот на живот и животната средина. Денес се одржа работилницата за образование, на која присуствуваа ученици на возраст од 12-15 години од повеќе училишта низ Македонија.
Преку интересни алатки и интерактивно, ги искажувавме своите идеи и замисли за тоа како би сакале да изгледа образованието денес, но и за 10 години од сега. Дискутиравме за нашите потреби и желби во контекст на образовниот процес, што би сакале да се промени и која е нашата визија за образованието воопшто за нас и за генерациите кои доаѓаат по нас.
Ги детектиравме проблемите со кои се соочуваме секојдневно на училиште, институциите кои имаат моќ да направат промени, а дававме и идеи и предлози на кои начини ние учениците би можеле да се вклучиме во процесот на носење одлуки кои се однесуваат на нас.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3