Први јуни- Меѓнароден ден на децата
Денес се облежува Меѓународниот ден на децата – 1 јуни. Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.
Права на децата се:
-Семејството е многу значајно за развојот и доброто на детето.
-Твоите родители ја имаат првичната одговорност за твоето воспитување и твојата безбедност.
-Владата ја има одговорноста да стори се што може да обезбеди почитување на правата на детето.
-Владата исто така им помага на другите држави да се постигне почитување на Конвенцијата за правата на детето.
-Секое дете има право на име и националност.
-Сите деца се еднакво вредни како луѓе.
-Не смеете да бидете дискриминирани поради изгледот, боја на кожата, полот, јазикот, верата, Вашите мислења, итн.
-Оние коишто одлучуваат за нештата што влијаат на децата, треба пред се да ги имаат на ум интересите и доброто на децата.ит Сите деца го имаат правото да го изразат своето мислење.
- Вашите мислења мора да бидат почитувани при донесување на сите одлуки што се однесуваат на Вас – дома или на училиште – а ги донесуваат властите или судовите.
-Сите деца го имаат правото да одат на училиште и да научат се што е важно, како на пример дека човековите права треба да се почитуваат, дека истото важи и за други кулсудови.