Мојот живот за време на пандемија
Последнава година беше многу тешка. Се појави оваа ужасна пандемија и целиот живот ми се измест и од нормалниот тек. Toa што требаше да трае две седмици прерасна во огромен проблем кој трае подолго од една година. Болеста секојдневно се влошува и секој час, секоја минута, секоја секунда што поминува ги живеам во страв, тензија и неизвесност. Со другарите се дружам многу ретко. Се слушаме по телефон, зборуваме на социјалните мрежи, но ми недостасува да се видиме лице в лице, да си кажеме по некоја шега, да направиме „ да пукне “ со рацете и раперски да си ги допреме тупаниците. Игралиштето за кошарка пред мојата зграда зјае празно. Ова е погрешно, не смее да биде вака. Неприродно е детско игралиште да биде волку пусто. Ми недостасува радосниот цвркот од детски гласови кој ме будеше секое утро. Прво излегуваа мајките со нивните весели и разбрборени бебиња и помалите дечиња, а потоа се растрчувавме ние поголемите, мангупите, и правевме галама под кошот. Паркот со играчки одекнува со