Изгубените пижами на Ивана


 

 

Полека денот си заминуваше. Ивана и сестра ѝ Ема сакаа да кампуваат во нивниот двор. Во ранецот спакуваа: ќебе, плишано зајаче, рачна светилка... Кога почнаа да ги вадат работите од ранецот, имаше сè освен пижамите на Ивана.

-Каде ми се пижамите?- праша Ивана.

-Не знам.- рече Ема.

-Ајде, да ги бараме!- предложи Ивана.

Потрагата започна.  Децата влегоа во куќата и ги бараа: во шкафовите, фиоките, под креветот,па дури и во машината за перење алишта. Но, никаде ги немаше.

Тие седнаа да размислат. Се присетија дека сè спакуваа и се чудеа како може да ги нема.

-Гледај Ема! Има нешто розево во куќарката на Дуле! Можеби се моите пижами?

-Да! Тоа се твоите пижами Ивана. –потврди Ема.

-Дуле сигурно ги намирисал и ги гушнал како што тој нас нè гушка.

-Но, ние не сме пижами? - рече Ема.

- Да, ние не сме пижами, ама Дуле ги намирисал и ги земал. Сега може ли да спиеме, па и без пижами?- рече Ивана и ја гушна својата сестра.

 

Автор: Ивана Ивановска III-1 

Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3 


 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче