Фотографирањето - моето прекрасно хоби

 


Јас сум Давид Цветковски, учам во деветто три и се занимавам со фотографирање. Фотографирањето е прекрасно хоби, но и професија. Фотографирајќи се релаксираш и не мислиш на стресот од секојдневниот живот. Речиси две години се занимавам со фотографирање и тоа за мене претставува една од најбитните работи во мојот живот. Сè почна неколку години порано, во шесто одделение на дводневната екскурзија низ Источна Македонија. Тогаш со мојот стар телефон ги фотографирав местата на кои бев. Стариот телефон немаше добра камера, па затоа фотографиите немаа добар квалитет. По една година фотографиите ги поставив на мојот инстаграм-профил. Исто така поставив и фотографии од мојот одмор. Тогаш ми дојде идејата да го работам ова и почнав сè почесто да поставувам фотографии на мојот профил. Со текот на времето љубовта кон ова прекрасно хоби растеше. Почнав да станувам сè попопуларен и попознат на Инстаграм. Многу мои фотографии беа рекламирани. Немам професионален фотоапарат, па така фотографиите ги фотографирам од мојот телефон кој има прекрасна камера. Денес на мојот инстаграм-профил dacvetkovski.photo имам преку 150 фотографии и над 500 следачи. Сите мои фотографии се од убавините на Македонија. Посетете го мојот профил. Претежно фотографирам зачудувачки пејзажи на езера, планини итн., прекрасни цркви и манастири, стари куќи, урбани згради, флора и фауна и друго. Многу млади луѓе во Македонија се занимаваат со ова. Се надевам дека ве поттикнав да почнете да се занимавате со фотографирањето бидејќи е прекрасно хоби.

 

 

 
 Автор: Давид Цветковски IX-3

Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче