Патот кон успехот-Интервју со Теодора Раптис

 

Здраво, на сите! Денес, ќе имаме задоволство поблиску да се запознаеме со нашата поранешна соученичка Теодора Раптис, пливачка- маратонка, добро познато име во светот на спортот, но и кај нас. Па да започнеме.

 

1.Почитувана, Теодора Раптис, дали може накратко да ни се претставите?

- Јас сум Теодора Раптис, доктор по Стоматологија и Специјализант по Орална Хирургија. Воедно сум и поранешен ученик во ОУ „Дане Крапчев“.

2.Како што и самата ни кажавте, Вие го завршивте основното образование во нашето училиште Дане Крапчев, па дали може да ни кажете некоја интересна случка за некои наставници?

- Да,јас моето основно образование го стекнав во Дане Крапчев каде поминав прекрасни години. Одделенски наставник од I до IV одделение, ми беше наставникот Мирче Панајотов, а класен раководител ми беше наставникот по математика, Љубе. Една од случките која ми остана во сеќавање е и таа кога сакав да бидам член на музичката секција, каде што одбрав да свирам на мандолина. Наставникот по Музичко беше многу добар и не сакаше да ми каже дека јас не знам да свирам, така што тоа беше мојот татко кој не можејќи веќе да ги слуша моите вежби дома ме отпиша од секцијата.

3.Вие сте позната пливачка – маратонка, која има освоено доста награди. Кој Ве потикна за да се определите токму за пливањето?

- Моите родители беа тие кои ме поддржуваа и потикнуваат да се занимавам пред се со спорт,да бидам активна,но највеќе почнав да пливам поради мојата сестра која дома веќе имаше освоено многу медали од натпревари, со што ми даде мотив и желба да бидам поактивна како и јас би освојувала медали.

4.Дали имавте подршка и од наставниците во училиштето, во моментите кога почнавте да се занимавате со пливањето? И кој од наставниците  Ви даваше најголема подршка?

- Да,имав голема поддршка и разбирање од наставниците.Не сакам да истакнам некого поради тоа што имав еднаква поддршка од сите.

5.По завршувањето на основното оучилиште, каде го продолживте Вашето образование? И дали е тоа сега Вашата животна определба?

- Своето образование јас го продолжив во Средното Медицинско Училиште Др.Панче Караѓозов, а мојата желба беше да бидам токму тоа што сум денес Стоматолог.

6.Се вели дека другарството е најубавото нешто, а посебно тоа од училишните клупи. Дали Вие се уште се дружите со вашите другари/ соученици од основното училиште?

 - Да, тоа е најубав дел од детството. Имам другарки со кои се уште сум во контакт, но поради обврските не можеме да се гледаме толку често, но сепак имаме заеднички мигови на кои се потсеќаме на годините поминати во училишните клупи.

7.Дали сте задоволни од Вашиот успех и од ова што сте сега?

Мојата желба беше да станам Стоматолог и во текот на целото време додека бев активна спортистка му придавав големи значење на моето образование. Сега кога сум веќе стоматолог, можам да кажам дека сум задоволна и со мојата спортска кариера што ми дава чувство на задоволство и исполнетост.

 

Од името на сите ученици во училиштето, Ви благодарам за одвоеното време и Вашиот интерес, со нас да ги споделите моментите поминати во нашето училиште. Останете со добор здравје и чувајте се.

Автор:Никола Милосковски VII-4

Уредник:Ања Јовановска VII-4

Popular posts from this blog

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Пролетен пејзаж

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров