Моето училиште - моја гордост


 

 Иако бев малечок,

уште на првиот училиштен ден знаев:

овде ќе бидам прифатен, сакан и згрижен,

многу ќе учам и напорно ќе работам.

 

Го видов тоа уште на првиот училиштен ден,

во светлите и насмеани очи на мојата прва наставничка

и во нејзината топла и цврста прегратка.

И навистина беше така:

ден по ден, месец по месец, година по година,

како ги запознавав моите наставници,

во нив го препознавав она што го сфатив

уште на првиот училиштен ден:

дека за нив сите ние децата сме исти,

иако сме различни.

 

И дека во нивните очи сите сме подеднакво важни,

дека треба да се дружиме,

но и многу да учиме,

заедно да растеме

и да ги шириме нашите хоризонти

под будното око на нашите наставници.

 

Многу бараат од нас,

но и многу ни даваат:

нивното внимание, знаење и мудрост,

љубов, грижа и поддршка,

посветеност и поттик да бидеме подобри луѓе.

 

Нивните совети и поуки

дека можеме и ѕвездите да ги допреме ако вистински сакаме,

дека мислите можеме слободно да ги изразиме,

дека треба да бидеме независни и храбри

и да не се плашиме од препреките во животот.

 

Идните математичари, музичари и јазичари,

научници, инженери и спортисти,

информатичари, историчари и филозофи,

уметници, слаткари и психолози...

радосно ќе излезат од нашите клупи и гордо ќе кажат:

Јас бев ученик во Дане Крапчев!

 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче