Мојот живот во услови на пандемија


  Зимата знае да помине брзо но сега имам чувство како да трае предолго. Оваа зима беше долга, студена. Како дополнително да ми тежеше заедно со сите мерки кои мора да ги почитуваме. Но ете ја на прагот, замина.

Сега е пролет. Се разбуди природата, а со неа и ние. Денес ме разбудија сончевите зраци кои нежно ме допираа по лицето. Станав, се измив и излетав низ врата да го видам моето кутре. Тоа е секогаш весело и расположено. Посебно кога ќе ме види. И така денот може да започне. Животот во време на пандемија не е лесен. Денот трае подолго, времето некогаш како да застанува. Но понекогаш мора да се прилагодиме. Сега училиштето е во мојата соба. Тука го поминувам речиси целиот ден. Моето мало братче знае да влезе и да посака да си поиграм со него но мора да најдам начин да излезе од собата бидејќи мора да ги следам часовите. Исто и моите родители работат од дома. Мама ги изработува своите рачни изработки, Мартин работи на компјутерот. На некој начин пандемијата нѐ спои уште повеќе. Секој има тековни обврски во домот но исто така и денот го минуваме заедно, сплотени. Веќе одамна не ни доаѓаат гости. Доаѓа само баба и ние одиме кај неа. Дојде и денес да го чува моето братче. Понекогаш е здодевно па затоа пандемијата ја разбуди креативноста во мене. Дел од денот цртам во мојата соба. Тешко ми паѓа бидејќи не ги гледам пријателите од училиште. Ми недостига училиштето. Ми недостигаат предавањата и дружбата.

И така, денот си заминува. Утре е нов ден. Среќна сум што во моето семејство сите се на број. Секој ден сум благодарна што сме сложни и заедно во овие тешки времиња. Си легнувам навечер и се будам со една желба, сѐ да се врати по старо. Повторно да се гушкаме и да другаруваме. Да славиме родендени заедно со најблиските, да имам часови во училница како претходно. Знам дека ќе се исполни. А до тогаш, ќе пишувам и ќе творам од моето катче дома... Мојата училница. 

Автор: Јована Ѓорѓиевска VIII-1

Уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче