Пролетен пејзаж
Една од најубавите теми за која можеме да напишеме некој интересен состав е пролетта. Веќе топлите сончеви зраци ја милуваат раззеленетата природа. Расцветаните дрвја и даваат посебна убавина. Во зелената трева разнобојните цвеќиња ја шират својата опојна миризба, затоа и веселото црцорење на птиците го повикуваат благото ветре да прошета низ ливадата. Пчелките сега слободно можат да си ја работат својата улога кај цветовите, а тие пак среќни им ги отвараат ширум листовите. Знаат дека пчелките ќе им го соберат нектарот за да има мед, но и дека ќе може да се добијат уште разнобојни цветчиња. И поточето, кое во близина на ливадата разиграно и нежно ги потпрскува со своите бранчиња, давајќи им до знаење дека се многу убави. Поточето мирно и спокојно си жубори и не сака да ја уништи таа среќна идила. Шаренилото од бои го надополнуваат и туку што новосоздадените пеперутки. Секоја пеперутка е убава за себе, како уникатни примероци на разиграната ливада...