Интервју со Никола Мишковски-Патот кон успехот

 


Здраво Никола . Вие сте еден од учениците кои завршиле основно образование во нашето училиште Дане Крапчев.Може ли накратко да се претставите ?

Здраво, моето име е Никола Мишковски, имам 36 години и работам како готвач во ресторан Камник и сум дел од кулинарското шоу Брза Кујна.

1.Какви се впечатоците од вашето школување? Можете ли да ни раскажете интересна случка за некои наставници ?

Најнтерeсните случки секогаш се случуваа на екскурзиите на кој шетавме, секогаш во автобусите нашите учители се радуваа и пеeja со нас и си поминувавме убаво каде и да одиме,наставниците беа строги ама и беа наши пријатели

2.Како го продолживте понатаму школувањето?

Моето образование по завршување на основно училиште го продолжив во средното угостителско училиште “Лазар Танев” како готвач.

3.Со какви предизвици се соочувавте во текот на вашето образование?

Најголем предизвик за време на моето основно образование ми претставуваа трeнинзите по ракомет.

4.На што најмногу се сеќавате од школските денови?

Најмногу во сеќавање ми имаат останато моментите на другарување поминати со моите пријатели за време на одморите, часовите и екскурзиите.

5.Зошто ја одбравте oоваа професија?

Професијата готвач ја одбрав благодарение на мојата мајка која тоа време работеше во кујна, иако претходно како мал сум сакал да бидам полицаец како мојот татко.

6.Дали некогаш сте размислувале дека ќе бидете тоа што сте сега?

Уште откако првпат влегов во кујната во која работеше мојата мајка, кај мене се појави желба да постигнам голем успех и да станам врвен готвач. Тоа беше мојот сон и јас секогаш се стремев кон неговото остварување. Со голем труд, школување и многу работа јас го постигнав она за што се стремев уште како мал.

7.Дали сеуште се дружите со вашите пријатели од основно?

За време на моето образование кругот на пријатели ми беше навистина голем. Сме имале многу моменти кои и ден денес ми останале во сеќавање. Со многу од нив и денес останавме големи пријатели и постојано се дружиме. 

8.Дали сте задоволни од постигнатиот успех и од ова што сте сега?

Навистина сум многу задоволен од успехот она што го имам постигнато досега во мојата професија. Но и покрај големиот број на медали и пехари кои ги има донесено мојата професија јас и понатаму се стремам за мое усовршување и секојдневно гледам да постигнам и научам нешто ново за мојата професија.

9.Која е вашата порака за сегашните и идните ученици во Дане Крапчев?

Секогаш следете го својот сон и својата желба за професија во животот. Никогаш не се откажувајте и работете постојано за зголемување на вашето знаење. Бидејќи само со многу работа и голема желба за знаење во животот може да постигнете многу, да си ги исполните вашите желби и да станете успешни во вашиот животен пат.


Автор:Бисера Стојменовиќ 7-4

Уредник:Ања Јовановска 7-4



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче