1 Мај, Меѓународен ден на трудот

 



Денес е 1 Мај, Меѓународен ден на трудот или како што уште се нарекува - Меѓународен ден на работниците. На овој празник им се оддава почит и благодарност на сите работници ширум светот за нивниот придонес во општеството и заедницата. Целта на празнувањето на Денот на трудот е да ги поттикне работните луѓе од целиот свет да бидат свесни за своите работнички права и да се борат за нив.

Празнувањето на овој ден започнало по немирите во американскиот град Чикаго, кога илјадници работници организирано излегле на улица да бараат работниот ден да им се скрати на осум часа. Демонстрации биле одржани 1886 година во повеќе градови низ САД, но најголемиот центар бил Чикаго, каде што од 1 до 3 мај протестите биле мирни, но на 4 мај демонстрантите се судриле со полицијата и во тој судир загинале повеќе цивили и припадници на полицијата. Во нивна чест Први мај е прогласен за Ден на трудот и се празнува како државен празник во многу земји во светот.

Работниците постојано треба да се залагаат за подобрување на своите права, но на овој ден треба особено гласно да бараат подобри работни услови, праведно вреднување на нивниот труд, подобра заштита при работа, а сите треба да се залагаме за искоренување на детската експлoатација.

 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче