Зошто децата треба да растат со домашно милениче?

 


Миленичињата влијаат најпозитивно на развојот и задоволството на децата. Тие се често најпосакуваното нешто што го имаме.

Неспорно и многу пати докажано е дека децата кои растат со миленичиња имаат посилен имунитет и многу поретко се разболуваат, помирни се и можат да се справат со поголемо ниво на стрес.

Дружењето со миленици ни дава чувство на сигурност, допирот и галењето нè ослободуваат од стресот и го зголемуваат производството на хормонот на среќа. Затоа кога се дружиме со нашите миленичиња сме весели и среќни.

Другиот аспект на чување милениче е и тоа што стануваме поодговорни, учиме да се грижиме за друго живо суштество, и кај нас се развиваат социјалните компетенции, чувството на обврска, самостојноста и психичката стабилност.

Пред да одберете каков миленик ќе чувате зборувајте со вашите родители за да ја исклучите секоја можност од алергија што би можеле да ја имате кон животното.

 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче