Навики кои лошо влијаат на детското здравје
Дали сме свесни за нашите лоши навики?
Некои од нив можеме да ги толерираме, но има и такви кои би било подобро што поскоро да ги смениме за да не почнат негативно да влијаат на нашето здравје.
Ова се три лоши навики кои најчесто ги практикуваат децата.
- Недоволен престој на отворен простор. Колку често и колку долго ние децата поминуваме надвор на воздух? Истражувањата покажуваат дека сè помалку време си играме надвор, а тоа влијае негативно на нашиот моторички систем, менталното здравје и на создавањето на витаминот Д. На отворено, на воздух, треба да поминуваме минимум 60 минути дневно, да возиме велосипед, да шетаме во парк, да играме со топка и истражуваме во природа.
- Премногу време поминато пред екран. Имаме ли ние ограничување за времето кое го поминуваме пред телевизор, компјутер, таблет, мобилен? Премногу време поминато пред овие уреди има лошо влијание на развојот на децата, го попречува концентрирањето и ни ги намалува спортските способности. Со онлајн-наставата е малку потешко, но кога немате часови обидете се времето пред овие уреди да го ограничите на максимално 2 часа, а децата под 2 години воопшто не треба ни да ги користат.
- Претерано консумирање на шеќер. Грицките и напитоците што се наменети за деца се полни со шеќер. Проверувајте ги прехранбените продукти за количина на шеќер и други штетни состојки. Шеќерот не е само причинител на дебелеење, туку создава и зависност од која тешко ќе се одвикнеме. Заменете ги слатките напитоци со млеко или со свежо цедени сокови. Внесете грицки со цели зрна, јадете повеќе овошје, пијте и јогурт.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ VIII-3