Што би избрале вие книга или филм

 
 

    Некој обожува да гледа филм,а некој пак, повеќе преферира да чита книга. Секој има различен вкус, односно некој сака акција, комедија, хорор, научна фантастика, драма, трилер и така натаму. Секој прави избор по сопствена желба. Пред било каква препорака за добар филм или интересна книга адаптирана за наша возраст да се запознаеме со поимот филм, книга.

Филм поконкретно претставува вид на комуникација која користи движечки слики и звук со цел да се раскажат приказни или луѓето да научат за нови идеи работи, исто така филмот е познат како седмата уметност. Добра страна кај филмовите е што може да се научи нов јазик.

Книга е збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници, изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал, обично прицврстени заедно од едната страна. Со помош на книгата ние читаме по течно, убаво и со чувства.

Интересни филмови (за тинејџери) се
·       Mean girls;
·       Harry Potter;
·       The Maze Runner;
·       Home Alone;
·       Yes Day;
·       Avengers;
·       The Kissing Booth...
И книгите се интересен и забавен начин да се пополни времето во зависност од тоа кој жанр сакаш да го читаш.

 Мои препораки за читање се:
·       20 Неверојатни девојки кои го променија светот;
·       Детска енциклопедија;
·       Рекорди на животни;
·       Светот не е фабрика за исполнување желби;
·       Опасен онлајн разговор;
·       Марта;
·       Споменка;

·       Срцето е тупаница

 Па..Вие што би избрале? Книга или филм? Каков жанр на книги ви се допаѓаат?

 Кои филмови ви се омилени? Пишете ни,ве очекуваме! 


 

Автор:Адриана Стоилевска VII-4

Уредник:Ања Јовановска VII-4  

 


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче