Екологија


       Колку сум возбудена, се чуствувам како повторно да ме обзема голема желба за прошетка во природата. Целата зима ја поминав повеќе во домот и најчесто во соба пред компјутерот, а сега сакам да вдишам опоен мирис од цвеќињата и да го слушнам црцорењето на птиците. А природата? Ах, таа несебична добродателка. Колкава топлина чуствувам во природата. Додека се шетав исто така ја слушнав  и милозвучната песна на малите, нежни птици. Бев восхитена и задоволна. Но кога видов една ливада дека на зеленилото нема дрвца и цвеќиња, многу се разочарав. Затоа јас како екологист решив да ги повикам моите пријатели и заедно со нив да ги насадиме новите дрвја и да се грижиме за нашата чиста и здрава околина. Откако завршивме со нашата работа, ни се причини како да вдишевме почист воздух. Се разбира, нашава околина сега навистина стана уредна и интересна со разнобојни цвеќиња како и другите. Јас сум пресреќна затоа што дишам чист воздух и живеам во угледна населба со најубавата околина. По неколку дена од прозорецот нема да поверувате што видов. Ја видов целата ливада здрава и насмеана со дрва, растенија и цвеќиња кои ги засадив заедно со моите другари. Затоа, ве молам грижете се за природата бидејќи со тоа ние и даваме убавина а таа ќе ни возврати со здрав живот.



Автор: 
Сара Ангелова VII-3 одд. 

Уредник:
Сара Ангелова VII-3 одд.



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче