10 интересни факти за фудбалот
Фудбал е тимска игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден фудбалски натпревар регуларно трае 90 минути, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце.
А сега следуваат 10
интересни факти за футбалот.
1.Фудбалот
потекнува од Кина како традиционална игра 476 години пред нашата ера и е
наречена Кују.
2.Фудбалерите
трчаат приближно по 9,65 километри во текот на натпреварот.
3.Повеќе
од 80% од фудбалските топки во светот се произведуваат во Пакистан.
4.Најголемиот
фудбалски турнир се одржал во Бангкок во 1999 година и учествувале 5.098 тима и
вкупно 35.000 играчи.
5.Првиот професионален фудбалски натпревар беше одигран
во 1869 година помеѓу Рутгерс и Принсетон.
6.Најбрзиот гол е постигнат на 26 Декември 1998 година од
страна на Рикардо Оливера за само 2,8 секунди од почетокот на натпреварот.
7.Максималниот
број голови постигнати
од страна на еден играч на еден натпревар е 16, а ги дал Стефан Станис од
Франција играјќи за Racing Club de Lens во декември 1942.
8.Преку
една милијарда фанови во исто време гледаат Светско фудбалско првенство на
малите екрани, што го прави фудбалот најпопуларен спорт
во светот.
9.Првата
фудбалска репрезантација која освоила Светско Првенство е Уругвај во 1930
година.
10.Роналдињо
стана центар на вниманието кога постигна 23 гола на натпревар што заврши со
резултат 23-0, а тој имаше само 13 години.
Автор:Никола Милосковски VII-4