Posts

Човекот ми е драг, но природата ми е помила

Image
  Сите ние што живееме на Земјата сме свесни кои сме и што сме. Себеси се гледаме на едно високо ниво, како да сме семоќни битија околу кои с è се врти. Ги гледаме работите од високо, но никогаш не сме се запрашале дали навистина сме семоќни, дали с è се врти околу нас и дали сме навистина потребни за опстанокот на планетава. Дојдовме до точка во еволуцијата каде се уништуваме самите себе, бидејќи се држиме до истите верувања веќе стотици години. Сакаме моќ и богатство без оглед на тоа кого ќе прегазиме и што ќе уништиме, и заради ова страдаат милиони луѓе и безброј хектари природа. Кажете ми, што добива обичниот човек од војните? Ништо, така е? А губи драгоцени животи и се зголемува анимозитетот помеѓу државите и цели региони „се бришат“ од картата на светот заради бомбардирања. Огромен број животни страдаат и умираат на најужасни начини, а ни растителниот свет не е поштеден. Милиони луѓе страдаат и гинат во овие ситуации и уште три пати повеќе мораат да избегаат надвор ...

Драмски текст: Некогаш работите едноставно не се како што ги замислуваме

Image
  (Ноќ.Темна и глува.Пуста и далечна. Оставена сама, можеби прерано размислувам за животот.Или не.Само размислувам за нештата во него.Секој горчлив пораз досега.Секоја пара што ја должиме и дали некогаш ќе се ослободиме од тој товар.Никогаш не мислев дека едно име на животно би се дало на нешто толку црно,горко и сосема туѓо.)   Петок попладне,часовите завршуват а јас трчам кон работа. Го оставам ранецот во холот на куќата се преоблекувам за да не ја накапам униформата и се фаќам на работа. Госпоѓа Хаус: Мила,погрижи се да го избришеш секој ќош на куќата, денес имаме гости! И побрзај! Внимавај на вазната, трета колекција на еден уметник е! Јас:Во ред,во ред. Некако го прозборувам тоа под здив и продолжувам со чистење.Го планирам остатокот од денот. По ова треба да одам до ресторанот-денес се скратени со ќелнери.Ох, дали овие некогаш слушнале за канта за отпадоци? Под креветов најдов секакви дрангулии. (По чистењето, госпоѓа Хаус  ми ја тупнува платата а јас ле...

Тајната на Мартин

Image
  Мартин беше многу необично дете. Додуша, ако сум попрецизен, тој беше многу обично дете со една многу необична моќ. Или подобро да кажам - поседуваше една магична моќ што не сум слушнал дека ја поседува дури ни некој од стрип-јунаците на Марвел. Но, да одиме по ред. Како и секој седмоодделенец, Мартин по ништо не се разликуваше од своите врсници : одеше на училиште, нерадо пишуваше домашни задачи, играше кошарка со другарите, не се одвојуваше од мобилниот телефон, негодуваше кога треба навечер да си легне... итн. Имаше густа костенлива коса, крупни костенливи очи и просечна висина. Мама често му велеше дека пегите на лицето му се преслатки, а тета му ја бушавеше косата нарекувајќи ја дива Амазонска Прашума (не се потстрижуваше редовно затоа што мразеше да оди на бербер). Но добро, на мајките и на тетките им е дозволено да претеруваат кога се работи за нивните деца и внуци. Значи, Мартин беше сосема обично момче, освен што поседуваше една многу необична моќ : можеше да се ...

Работилница „Безбедно на интернет“

Image
На денешниот состанок на Ученичкиот парламент одржавме работилница на тема „ Безбедно на интернет “ . По долго време и на наше задоволство, состанокот се одржа во училиште со физичко присуство. Учениците изработија хамери и цртежи на кои ги споделија своите мислења, идеи и пораки во врска со оваа тема, кои ги презентираа пред сите присутни. Дискутиравме за нашето време поминато онлајн, колку часови во денот поминуваме на компјутер, што правиме кога сме на интернет и како можеме да правиме нешто корисно и продуктивно додека сурфаме низ веб-страниците. Потоа, зборувавме и за нашата безбедност додека сме на интернет, дали сме запознаени со опасностите на кои сме изложени, како да се заштитиме и кои постапки се штетни за нас. Учениците споделуваа лични позитивни и негативни искуства за времето поминато на интернет. На дел од работилницата стана збор и за предностите и недостатоците на онлајн наставата. Во презентацијата погледнете ги изработките на учениците од денешната работилница...

Вештини важни за тинејџерите

Image
  Да се биде тинејџер е многу лесно. Или барем така мислат возрасните. Ја имаме слободата како да сме деца, но и училишни и вонучилишни обврски кои ни исполнуваат голем дел во денот како да сме возрасни. Вистината е дека не сме ниту деца, ниту возрасни, туку нешто помеѓу. С è уште учиме како да бидеме „ големи “ и ни треба помош во многу работи. Ова се некои од вештините кои се важни за нашиот правилен развој :   Чистота и лична хигиена. Чистотата е едно од основните правила на хигиената. Нашата работна и животна средина секогаш треба да бидат уредни и чисти. Одржувањето лична хигиена, да знаеме како да го исчистиме домот и да го одржуваме наместен и среден се основните работи што треба да ги знаеме. Вештини поврзани со храната и готвењето. Набавка на продукти, готвење поедноставни јадења, користење на кујнските апарати, разликување на здравите од нездравите намирници, се само некои од примарните животни вештини за тинејџерите. Управување со времето. Со добри организ...