Иако бев малечок, уште на првиот училиштен ден знаев : овде ќе бидам прифатен, сакан и згрижен, многу ќе учам и напорно ќе работам. Го видов тоа уште на првиот училиштен ден, во светлите и насмеани очи на мојата прва наставничка и во нејзината топла и цврста прегратка. И навистина беше така : ден по ден, месец по месец, година по година, како ги запознавав моите наставници, во нив го препознавав она што го сфатив уште на првиот училиштен ден : дека за нив сите ние децата сме исти, иако сме различни. И дека во нивните очи сите сме подеднакво важни , дека треба да се дружиме , но и многу да учиме , заедно да растеме и да ги шириме нашите хоризонти под будното око на нашите наставници. Многу бараат од нас, но и многу ни даваат : нивното внимание, знаење и мудрост, љубов, грижа и поддршка, посветеност и поттик да бидеме подобри луѓе. Нивните совети и поуки дека можеме и ѕвездите да ги допре...