Писател на лектирата ,,Ѕвездени перничиња'' е Славка Манева. Таа во ова свое дело ги кажува карактеристиките на месеците и за секој месец ни подарува по една сказна. Во сказната ,,Сказна за светулките '' се раскажува како настанале светулките со помош на волшебното стапче на самовилата. Во еден голем кристален дворец, живееле волшебник и неговата мала ќерка. Таа била милно девојче со долги, руси коси. Имала играчки од злато и сребро, но постојано била тажна и скапоцените играчки немале никакво значење. Била љубопитна затоа што сакала да види како е надвор од дворецот. Се чувстувала тажно, затоа што ги гледала другите деца како среќно си играат. Волшебникот открил дака тајно излегува од дворецот. Ја проколнал и ја претворил во ноќна самовила, која може да ја гледа само светлината на месечината. Волшебникот нaбрзо умрел без да ја повлече клетвата. Поминале сто и повеќегодинии. Таа веќе била старица со бели коси. Времето ѝ поминувало во лекување на животни и