Posts

Showing posts from December, 2022

НАШИ ДИЗАЈНИ

Image
 Ние, учениците од 8-2 на часот по вештини оваа недела дизајниравме облека. Еве некои од дизајните. Уредник: Катарина Пислевиќ 8-2

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА

Image
 Среќна Нова Година- Ви посакуваат учениците од шесто, седмо, осмо и девето одделение Уредник: Катарина Пислевиќ 8-2

Средба со Горјан Петревски

Image
Со насмевки, размена на мислења и пријатна дискусија- ви го претставуваме интервјуто со писателот Горјан Петревски.  Научивме многу за тоа како се гради патот кон титулата "успешен писател", дискутиравме,  а најважно, времето квалитетно го поминавме! Дали вие имате читано некој роман од овој писател? Ги делите ли истите мислења со нас? Споделете ги вашите впечатоци 😉 Автор и уредник: Ања Јовановска IX-4

Историјата на новогодишните честитки

Image
  Учениците од истражувачката историска работилница, овој месец истражуваа за Новогодишните честитки низ историјата. Тие изработија многу убави честитки, кои што се изложени на паноата во училишниот хол каде што секој ќе има можност да ги види. КАКО ПОЧНА СЕ Обичајот на сјајна новогодишна честитка е пагански и потекнува уште од времето на древна Кина. Во стариот Египет, желбите се пренесувани во ролни од папирус, а во Европа честитките се појавуваат во почетокот на 15 век во техниката на дрворез, на рачено изработена хартија.   ПРВАТА ЧЕСТИТКА Првата печатена честитка настанала во 1843 година во Лондон, по порачка на Хенри Кол, првиот директор на “Музејот Викторија и Алберт”. На познатиот писател и новинар му досадиле дотогашните обичаи, исцрпувачки и скапи посети на роднините и пријателите и непосредно изразување на најдобри желби по повод божиќните празници, па членот на Кралската академија Џон Калкот Хорси го замолил рачно да му наслика честитка на која е прикажано ...

Кодираме, учиме, се забавуваме

Image
    Во рамките на  Еразму с+ КА229 проектот „ Barcode ” ( Best Achievable Results in Coding )   беа одржани активности како дел од  обука на наставници да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способност, техниките на кодирање да ги интегрираат во наставата.                 Н ашето училиште беше домаќин , а на мобилноста учествуваа  партнерски училишта од Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија, Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.               Во активностите беа вклучени и членовите на информатичката секција: Софија Мијалковска, Матеј Макрешански, Дамјан Петровик и Алек Јовановски. Тие пред присутните се претставија со компјутрески игри кои сами ги кодираа користејќи ја програмата Scr...

Подари подарок-врати насмевка на нечие лице

Image
      По стапките од последната добротворна активност, изведена во рамките на Ученичкиот парламент, така и на 22.12.2022 год. се орагизираше уште една таква акција. Посетена беше градинката ,,Искра". Многу среќни и возбудени лица со големи насмевки н ѐ  пречекаа и ни посакаа топло добредојде.   Со задоволство ги издработувавме новогодишните слики со цел да разубавиме нечии ден. Поминавме преубаво време заедно. Пеевме, рецитиравме, се смеевме и забавувавме Се договоривме за следна соработка во февруари поврзана со читање книги каде тие ќе ни дојдат во посета на нашето училиште. Биди причина за нечија насмевка денес! :) Автор и уредник: Михаела Димчова IX-2

Подари насмевка со новогодишна слика

Image
    На 20.12.2022 година, ние учениците од Ученичкиот парламент ги посетивме најголемите дечиња во градинката ,,25 Мај". Со радост изработувавме слики со новогодишни мотиви со цел да ги усреќиме лицата на малите дечиња. Иницијативата беше предложена од нас, учениците, на наставниците исто така им се допадна и ни помогнаа во нејзина реализација.    Бевме топло пречекани со огромни насмевки и големо нетрпение за тоа какви подароци ќе им оставиме како спомен за да се сеќаваат на нас. Поразговаравме за тоа дали се возбудени што догодина ќе седнат во училишните клупи и што сакаат најмногу да прават во градинка. Ни открија дека и Дедо Мраз им донел многу подарочиња.   Си закажавме следно видување во пролет каде ние ќе бидеме домаќини и тие ќе ни дојдат во посета на нашето училиште. Поминавме прекрасно време заедно кое н ѐ  потсети како е да си малечко и безгрижно детенце во една занимална полна со играчки. Автор и уредник: Михаела Димчова IX-2